Голем проблем за Ливерпул: Три месеци пауза за Адам Лалана

Јирген Клоп се соочува со сериозен проблем непосредно пред стартот на премиерлигашката сезона по повредата што Алан Лалана ја заработи во финалето од Ауди купот во Минхен против Атлетико Мадрид. Англискиот репрезентативец се пожали на болка во ногата, а деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулот, поради што Лалана ќе треба да паузира околу три месеци од фудбалските терени.

Ова значи дека тој дефинитивно ќе го пропушти двомечот со Хофенхајм во квалификациите за Лигата на шампионите, како и низа значајни средби за „црвените“ на стартот од новата сезона во Премиер-лигата.

На потег е Јирген Клоп, кој сигурно ќе ја интензивира потрагата по нов играч за врска, откако претходно пропаднаа преговорите за ангажман на Наби Кеита од Лајпциг.

Се вчитува...