Голем проблем за „милионерите“: Крај на сезоната за Нико Шлотербек

Борусија Дортмунд се соочи со огромен проблем во клучниот дел од сезоната, откако беше обелоденето дека Нико Шлотербек има сериозна повреда на коленото.

Иако не станува збор за кинење на лигаменти, туку за менискусот, Шлотербек го очекува пауза од најмалку два месеца, што значи дека оваа сезона предвреме заврши за германскиот репрезентативец.

„Отсуството на Нико е огромен удар за нас, добро е познато колку е значаен за нашата екипа, колку е константен во својата форма. Се надеваме дека Шлотербек ќе се рехабилитира целосно, секако ќе има максимална поддршка од сите во клубот“, изјави спортскиот директор Себастијан Кел.

Германецот би можел летово да си замине од Дортмунд ако се знае дека неговите настапи во последните месеци ги следеа неколку врвни европски клубови, а Ливерпул најави испраќање на понуда во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...