МЗТ Скопје на полувреме од натпреварот против Партизан во Белград има висока негатива (54-34), а дополнителен проблем за „сино-белите“ е повредата на новото засилување Деандре Кук.
Американецот кој пред само неколку дена го засили македонскиот шампион во деби настапот се пожали на повреда на рамото веќе во првата четвртина и воошто не се врати на паркетот во продолжението од првите 20. минути.
Останува да видиме дали станува збор за посериозна повреда на бекот кој пристигна како огромно засилување на местото на Адем Мекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА