Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен на неколку места ја скрши јаболчната коска, поради што ќе мора да оди на операција и подолга пауза.
„Наполитанците“ загубија од Интер во дербито на 13. коло во Серија А (3-2) и го претрпеа првиот пораз во првенството, но се покажа дека тоа не е најлошата вест за тренерот Лукан Спалети. Тешко се повреди најдобриот стрелец на тимот, кој мораше да ја напушти играта во 55. минута. На теренот се виде дека ситуацијата со Нигериецот не е наивна, по воздушниот дуел со Милан Шкриниар.
По ударот, фудбалерот веднаш добил оток на лицето и речиси целосно му се затворило левото око, за подоцна да биде прегледан и да се утврди дека јаболчната коска му била скршена на неколку места. Италијанските медиуми пишуваат дека Осимен во најбрз можен рок ќе биде опериран во болница во Милано, но засега не се знае колку ќе трае неговото отсуство.
#Napoli striker Victor Osimhen has been diagnosed with multiple facial fractures and will undergo surgery in Milan after a clash of heads with Inter defender Milan Skriniar https://t.co/JnhazK74gk #FCIM #InterNapoli #Osimhen #Nigeria #SerieA #SerieATIM #Calcio
— footballitalia (@footballitalia) November 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА