Реал Мадрид викендов го очекува тешко гостување во Валенсија, а тренерот Алваро Арбелоа се соочува со нов сериозен проблем. Белингем ќе бие повреден подолг период, Винисиус не е во комбинација за настап поради суспензија, а згора на тоа Арбелоа остана и без услугите на Родриго.
Бразилскиот голгетер требаше да биде сигурен стартер во ситуација кога Винисиус не беше во тимот, но Родриго се повреди на еден од последните тренинзи, а лекарите по деталните прегледи препорачаа мирување од најмалку десет дена.
Ова значи дека крилниот офанзивец ќе го пропушти дуелот со Валенсија, како и следниот меч од Ла Лига, на домашен терен со Реал Сосиедад. Во таборот на „кралевите“ се надеваат дека тој ќе може да му помогне на тимот за двомечот од Лигата на Шампионите против Бенфика што е закажан за втората половина од месец февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

