Лесно може да се случи Србија против Албанија да игра без стандардни стопери во квалификациите за пласман на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.
Веќе беше познато дека Никола Миленковиќ нема да биде во составот на мечот кој ќе се игра на 11. октомври, бидејќи доби црвен картон против Англија во Белград.
Под знак прашалник е и Страхиња Павловиќ. Стоперот на Милан на полувремето го заврши натпреварот од Серија А против Болоња. Неговиот тренер Масимилијано Алегри откри дека Павловиќ има проблем со препоните, а засега не се знае колку време ќе отсуствува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

