Голем проблем за Тер Штеген: Шчесни го промени планот

Искусниот полски голман Војчех Шчесни се врати од пензија за да застана меѓу стативите на голот на Барселона, а и покрај очекувањата дека тој ќе биде само краткотрајно решение до крајот на сезоната, со одличните настапи не само што ја врати претпознатливата форма, туку и ги промени плановите за иднината.

Шчесни е задоволен во Барселона, и каталонците се задоволни од него па се очекува наскоро да започнат преговори за продолжување на соработката и тоа не само на една сезона, туку до 2027 година.

Полјакот пристигна во Барселона како замена за повредениот Марк Андре тер Штеген, но германскиот голман сега ќе има и дополнителен проблем бидејќи покрај рехабилитацијата ќе мора да се бори за своето место во првиот тим.

Се вчитува...