Тотенхем се соочува со нов проблем со повреда на клучен фудбалер откако Ришарлисон заработи повреда на коленото поради која ќе мора да отсуствува извесен период од терените.
Бразилецот беше предводник на „спарси“ во периодот додека Сон беше на Купот на Азија, но кога се очекуваше двајцата заедно да формираат пеколен тандем Ришарлисон заработи нова повреда. Првичните прогнози се дека одличниот голгетер ќе отсуствува околу еден месец од терените, пропуштајќи неколку важни средби на лондонскиот клуб.
Ришарлисон сезонава постигна 10 гола на 22 натпревари во Премиер-лигата. Тотенхем утре го пречекува Кристал Палас, меч за кој тренерот Постекоглу нема да може да смета ниту на стартниот десен бек, Португалецот Педро Поро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА