Голем проблем за Црвена Звезда: Хапоел во офанзива по Филип Петрушев

Шансите на Црвена Звезда да го задржи Филип Петрушев во своите редови значително се намалија откако Хапоел Тел Авив се вклучи во трката за потписот на српскиот репрезентативец.

Петрушев е член на Олимпијакос кој ги мина последните месеци на позајмица во Црвена Звезда и се наметна како еден од клучните играчи во тимот на тренерот Сферопулос. Сепак, на преговори за целосен откуп се чекаше да заврши сезонава, што може да се покаже и како погрешен потег откако Хапоел реши да тргне во офанзива по потписот на одличниот српски кошаркар.

Израелскиот состав важи за клуб што не жали пари за да ги исполни желбите на тренерот Итудис и нема сомнеж дека понудата до Олимпијакос, но и до самиот Петрушев ќе биде далеку повисока во однос на онаа од Црвена Звезда.

Згора на тоа, Хапоел во своите редови го има Бруно Кабокло, кошаркар за кого во Олимпијакос имаат високо мислење. Бразилецот не е среќен во израелскиот тим и бара да си замине, па големи се шансите Хапоел да понуди директна замена Кабокло за Петрушев, што дефинитивно ќе ја исфрли Црвена Звезда од трката за перманентен потпис на српскиот репрезентативен центар.

Се вчитува...