Најтрофејниот македонски ракометен клуб Варар во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути го очекува тежок и исклучително важен натпревар против Порто во 3. коло од Лига Европа.
А, пред него тренерот Владо Недановски се соочува со огромни проблеми бидејќи покрај повредите остана и без Вуко Борозан кој во текот на вчерашниот ден бил нападот од улични кучиња па и тој е неизвесен за средбата со португалскиот тим.
„Имаме четири, пет повредени играчи и за жал се случуваат некои несекојдневни работи во главниот град. Вуко Борозан вчера беше нападнат од улични кучиња откако ги шетал своите деца. Да ги одбрани нив тој беше искасан и мораше да оди во болница на шиење па не знаеме дали ќе игра утре“, откри тренерот Недановски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА