Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Роџерс Мато заработи повреда на натпреварот против Тиквеш и нема да му биде на располагање на тренерот Гоце Седлоски во следниот период.
Мато има скршеница на коската од стапалото и ќе биде надвор од тренажен процес во следните четири до шест недели, потврдија од скопскиот клуб.
Мато оваа сезона постигна 11 голови за Вардар и забележа две асистенции, издвојувајќи се како една од најважните карики во играта на „црвено-црните“, што јасно ќе биде сериозен проблем за стручниот штаб наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

