Сезонава се бори за титула, игра и во Лигата на шампионите, но веќе од идната ќе гледаме еден сосема нов тим на Интер, со оглед дека клубот ќе доживее еден голем „ремонт“ по завршувањето на сезоната.
Од оние кои ќе си заминат на лето се Јан Зомер, Франчесто Ачерби, Стефан де Фрај, Матео Дармијан, Хенрик Мхитарјан, чии договори истекуваат на лето, и веројатно истите нема да бидат продолжени, односно ќе си бараат нови средини.
Исто така на излезна врата од „нероазурите“ се и Дензел Дамфрис и Давид Фратези, кои не се задоволни од минутажата оваа сезона и се интересни за другите клубови.
Под големо знак прашалник е и иднината на Хакан Чалханоглу, кој летоска беше пред заминување во Галатасарај, но во последен момент трансферот не се реализираше.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Интер веќе почна да бара освежувања. Прво ќе ја решава голманската позиција, и на местото на Зомер ќе го донесе Гилермо Викарио од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

