Голем ремонт во Севилја: Заминуваат и вториот капитен и тренерот

Севилја од почетокот на годината до сега остана без тројцата капитени, а на лето најверојатно ќе го напушти и четвртиот. Како што е познато, минатото лето екипата ја напушти Фернандо кој замина во Вила Нова, а потоа замина и Иван Ракитиќ.

Пред неколку дена своето заминувње го најави и Хесус Навас, а сега веројатно ќе замине и легендарниот Серхио Рамос. Тој, според шпанските медиуми, се подготвува за нов предизвик, и најверојатно ќе се пресели во МЛС Лигата во САД.

Од клубот по крајот на сезоната заминува и тренерот Кике Санчез Флорес. Стигна минатата година, му овозможи на тимот опстанок, и сега нема да ја води екипата и идната сезона. Клубот има големи финансиски проблеми, и владее голема неизвесност околу иднината. Заминувања има, а дали ќе има нови играчи и кои ќе бидат, ќе покаже времето.

Се вчитува...