Голем скандал го тресе „Бернабеу“ – Чаби Алонсо е веќе поранешен во Мадрид

Шпанските медиуми објавија дека Чаби Алонсо би можел да ја напушти клупата на Реал Мадрид. И покрај тоа што тимот е успешен во однос на резултатите и моментално го држи врвот во Ла Лига, незадоволството во соблекувалната наводно го достигна својот врв.

Сè започна со Винисиус Жуниор, кој изнесе отворен бунт против одлуките на тренерот Алонсо. Незадоволството постепено се шири во соблекувалната каде се формираше група играчи кои веруваат дека Чаби Алонсо не воспоставил добри односи со тимот и дека „ова не е тоа“.

„Неколку играчи на Реал Мадрид сакаат Чаби Алонсо да си замине. Нивниот однос со него е целосно нарушен. Дури и некои од најважните лидери на клубот сметаат дека е потребно да се отпушти бидејќи премногу играчи му го свртеле грбот“, вели шпанскиот новинар Хорхе Пикон.

Алонсо го предводеше Реал во 23 натпревари и оствари 17 победи, три нерешени и три порази, со три славења во четири кола од Лигата на шампионите, а средбата со Олимпијакос во Пиреја во Лигата на шампионите би можела да биде клучна.

Се вчитува...