Само неколку денови пред почетокот на Светското првенство во Русија шокантни вести доаѓаат од Аргентина.
Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли сексуално ја злоставувал и вознемирувал куварката која работи во Аргентинската фудбалска федерација во Буенос Аирес. Како што истакнува угледниот аргентински новинар, Габриел Анело, сите во сојузот добро биле запознаени со сексуалната афера на Сампаоли но од таму направил се да се сокрие сето тоа од медиумите.
„Се обидуваа од сојузот се да сокријат, но луѓето со кои разговарав потврдија дека е случен голем сексуален инцидент. Тоа е нешто навистина опасно за Сампаоли и репрезентацијата“ – истакнува Анело.
Куварката после обелоденувањето на скандалот демантирала се во јавноста, но според тврдењето на одредени нејзини колеги на тој чекор се одлучил поради огромниот притисок кој бил извршен од страна на челниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз, кои дури и нудели високи финансиски средства да молчи.
Медиумите во Аргентина, по објавувањето на оваа вест, веќе бараат одговори од селекторот и од сојузот но засега нема официјален одговор од нив околу скандалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА