Голем скандал во АБА: Членови на Звезда и двајца новинари физички нападнати пред мечот со Задар

Голем скандал се случил доцна синоќа во Задар, каде во два одвоени инциденти се нападнати членови на раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и двајца новинари од Србија.

Најпрви маскирани лица нападнале членови на Управниот одбор на белградскиот клуб, а потоа во друг инцидент исто така биле нападнати и двајца новинари од Србија. Од таборот на “црвено-белите“ обвинуваат дека нападите се организирани од страна на едно исто лице, односно таксистот кој ги возел од аеродромот до хотелот и побараа натпреварот да се игра без публика, бидејќи се загрижени за својата безбедност.

Задарската полиција соопшти дека привела две лица поради напад на членовите на Управниот одбор на Црвена Звезда и српските новинари. Акцијата е завршена неколку часа по полноќ, а во тек се анализи дали имало уште некој вмешан во скандалот што се случи во хрватскиот град. Немилиот настан го осудија и од КК Задар, како и од АБА лигата. 

Се вчитува...