Голем скандал во Амстердам – Фудбалер на Ајакс прободе роднина, му се заканува казна затвор

Напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес утрово е уапсен од страна на холандската полиција поради сомневање дека пред неколку месеци избодел член на семејството на приватна забава.

Инцидентот се случил на крајот на јули кога една личност беше прободена со нож од страна на Промес. Доколку се докаже дека тој е виновен ќе добие казна затвор од една до четири години.

Во јули месец репрезентативецот на Холандија организирал приватна забава, а во текот на забавата жестоко се скарал со член од семејството. Нејасно е само зошто Промес не бил порано уапсен и се чекало да поминат дури четири месеци.

Се вчитува...