Фудбалерот на Челси, Михајло Мудруик падна на допинг тест. Украинецот поради тоа би можел да се соочи со подолга пауза. Мудрик по еден натпревар имал позитивен тест, но се уште не се знае за каква недозволена супстанца се работи.
За Украинецот има уште една надеж, бидејќи доколку и Б тестот се покаже позитивен, Мудрик ќе се појави пред комисија која ќе му изрече драконска казна. Тој може да биде суспендиран од фудбалот до четири години.
Последен пат Мудрик беше на теренот на први ноември, а од доаѓањето на новиот тренер Енцо Мареска не е во преден план. Мудрик пристигна во Челси во јануари 2023 година во голем трансфер од Шахтјор за сума од 100 милиони евра.
Од друга страна, за репрезентацијата на Украина, Мудрик одигра 28 натпревари и постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА