Голем скандал во Србија: Претепан малолетен фудбалски судија

Главниот судија на натпреварот од кадетската лига во Белград бил претепан откако досудил пенал за гостинската екипа.

На натпреварот од кадетската лига меѓу Локомотива и Трудбеник во Железник, кој се одиграл во средата, се случил инцидент откако бил претепан седумнаесетгодишниот судија Н.М.

Се започнало во 41. минута, кога на знак на помошниот судија покажал на белата точка, а Трудбеник ја искористи приликата да го израмни резултатот на 1-1.

Ова предизвикало гнев кај фудбалерите на Локомотива, особено кај играчот на Н.Р, кој најпрвин влегол во вербален конфликт со судијата, за што добил жолт картон. Сепак, тој не застанал тука – продолжил со закани и вперување во лице на судијата, што довело до втор жолт, односно црвен картон.

Во тој момент Н.Р. целосно изгубил контрола, се нафрлил на младиот судија и го удрил во пределот на носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Се вчитува...