Црвена Звезда е се подалеку од топ 8 во кошаркарската Евролига. Иако мислеа дека со доаѓање на Факундо Кампацо тие стануваат фаворити и за освојување на елитното натпреварување, по се „црвено-белите“ уште една сезона ќе останат со празни раце.
Српските медиуми шпекулираат дека на неуспехот во дуелот со Панатианикос, претходел инцидент меѓу главните играчи во екипата. Немања Недовиќ пред мечот влегол во конфликт со Аргентинците, Лука Вилдоса и Факундо Кампацо и тоа ја нарушило атмосферата во екипата. Нивната нетрпеливост траела подолго време, а една од причините, како што тврдат медиумите, е разликата во платите меѓу домашниот Недовиќ и странците Вилдоса и Кампацо.
Од клубот и од кошаркарите се уште нема официјална потрвда за конфликтот, па можно е само да станува збор за шпекулација во медиумите, желни за сензации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА