Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа неверојатен скок од 73 места на најновата ВТА листа која поради финалниот меч во Синсинати беше објавена денеска.
Тетовчанката сега се наоѓа на 282. позиција, по одличните две недели во Куршумлијска бања во кои освои вкупно 72 поени во бодувањето на ВТА листата. Нашата тенисерка најдобриот пласман во кариерата го имаше кога беше 170 на ВТА листата.
На врвот Сабаленка останува прва, пред освојувачката Ига Швјонтек која сега е втора. Во топ 10 уште се и: Гоф, Пегула, Мира Андреева, Кис, Женг, Паолини, Анисимова и Рибакина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

