Ирската УФЦ суперѕвезда, Конор МекГрегор не се борел веќе цели три години на светската сцена. Последната негова борба беше во јули 2021 година кога се здоби со скршеница на ногата во борбата против Дастин Поарие.
Планираното враќање во октагонот во јуни оваа година, против Мајкл Чендлер, мораше да го откаже поради повреда.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека долго го очекува враќањето на МекГрегор, но дека тоа нема да се случи пред крајот на годината. Сето тоа го фрустрираше поранешниот двократен светски шампион.
МекГрегор на социјалните мрежи изрази незадоволство од сето тоа и побара од Вајт да му закаже борба за крајот на годината.
„Дана, декември е тој месец и тој датум. Да ја завршиме календарската година со победнички спектакл. Одам следниот месец на подготовки на висока надморска висина. Кажете му на Дана дека го заслужуваме декември“ – напиша МекГрегор на Твитер.
Но, не се прашуваат само Вајт и Мекгрегор, јасно е дека се прашува и маркетиншкиот тим на УФЦ кој сака да „темпира“ маркетиншка „бомба“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

