Голем срам за Манчестер Јунајтед: Прими гол директно од корнер и загуби (ВИДЕО)

Четврти пораз во петтиот натпревар во Премиерлигата за Манчестер Јунајтед. Очигледно ниту Рубен Аморим не успева да ја најде победничката формула за „Црвените ѓаволи“ кои вечерва на „боксинг деј“ загубија од Вулверхемптон со 2-0.

Еден од тимовите кои се бори за опстанок му нанесе нов удар на фаворитот, кој полека се приближува кон опасната зона на табелата.

Првиот гол за „Волците“ го постигна Матеус Куња во 58. минута и тоа директно од корнер совладувајќи го несигурниот Онана. 

Пред самиот крај од мечот, Вулверхемптон од противнапад преку Хванг и дефинитивно ја обезбедија победата.

На победата на домашниот тим многу помогна и црвениот картон на Бруно Фернандеш во 48. минута од средбата.

Се вчитува...