Возачот на екипата на Хас, Мик Шумахер би можел следната година да биде резервен возач на Мерцедес во шампионатот Формула 1, пренесуваат британските медиуми.
Челниците на Мерцедес уште не одлучиле кој ќе биде трет возач на тимот во 2023 година, затоа што Даниел Рикардо уште не одговори на понудата на британската екипа.
Шумахер наводно има понуда и од Алпин, за кој оваа сезона возеа Алонсо и Окон. Од Хас соопштија дека повеќе информации ќе соопштат следната недела околу случувањата во тимот за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА