Голем триумф на Лил, повторно криза владее во Олимпик Марсеј

Лил дојде до значајни бодови во трката за пласман во ЛШ во наредната сезона откако во дерби-дуелот од 28. коло во француското првенство славеше над Олимпик Марсеј со 3-1. Ова беше петти меч без пораз за тимот на Лил, додека гостите од Марсеј повторно врзаа три порази во низа паѓајќи во нова резултатска криза.

Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, но затоа вторите 45 минути беа супердраматични. Давид од пенал го доведе домашниот состав од водство, а кога Сабела погоди во 71. минута се чинеше дека се е готово.

Гостинскиот состав не се предаде, создаде неколку шанси и преку Обамејанг во 81. минута успеа да намали на 2-1. Сепак, сите дилеми околу победникот ги разреши Гудмундсон со погодокот во 84. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...