Виктор Осимен ќе мора да паузира најмалку еден месец од фудбалските терени по повредата што асот на Наполи ја заработи на последниот меч од Лигата на Шампионите против Ливерпул.
Нигерискиот ас се жалеше на повреда на мускулот и пред натпреварот, тренерот Спалети реши да ризикува со негов настап, но Осимен ја обнови повредата уште во првото полувреме и мораше да биде заменет. Врз голгетерот беа извршени детални лекарски прегледи по што е утврдено истегнување на мускулот од втор степен, што значи и пауза од четири до шест седмици.
Ова значи дека Осимен ќе пропушти неколку важни средби, како во Серија А, така и во Лигата на Шампионите, a камбекот на Нигериецот во најдобар можен случај би бил на дуелот од ЛШ на домашен терен со Ајакс, закажан за 12 октомври. Во негово отсуство се очекува улогата на предводник на нападот да му припадне на Џовани Симеоне, кој летово пристигна во Наполи од редовите на Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА