Арсенал се соочува со огромни проблеми во пресрет на продолжението од сезоната по информацијата дека Мартин Едегард ја обнови повредата поради која паузираше речиси цел месец од терените.
Норвешкиот плејмејкер го повреди скочниот зглоб за време на септемвриските средби од Лигата на Нации, неговиот камбек се очекуваше по октомвриската пауза, но денеска пристигна лоша вест за Микел Артета – Едегард заработил нова повреда на истиот зглоб што дополнително ќе го оддалечи од терените.
За проблемите на „топчиите“ да бидат уште поголеми, Букајо Сака се повреди на вчерашниот дуел меѓу Англија и Грција, а деталните прегледи ќе треба да утврдат колку крилниот офанзивец ќе отсуствува од терените.
Арсенал во првиот меч по репрезентативната пауза му гостува на Борнмут, по што ќе следи и големото дерби на „Емирати“ против Ливерпул закажано за 27 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА