Арсенал загуби два бода во трката за највисок пласман со ремито против Тотенхем, но уште поголем проблем за Микел Артета претставува повредата што ја заработи најскапото засилување во клупската историја, Деклан Рајс.
Англискиот репрезентативец беше стартер на големото лондонско дерби, но мораше да биде заменет на паузата. Како што изјави Микел Артета по мечот, станува збор за проблем со грбот.
„Се жалеше на болка во грбот. Во текот на првото полувреме неколку пати кажа дека има болка и не може да биде на 100%, па решивме да го повлечеме. Чудно е кога играч како него ќе се пожали на болка, значи дека мора да е нешто посериозно, останува да ги почекаме деталните прегледи и да видиме кога Деклан ќе може да се врати на тренинзи и на натпревари“, изјави Артета.
Арсенал во следното коло му гостува на Борнмут, но од огромно значење ќе биде ако Рајс успее да се опорави за камбек до 8 октомври, за кога е закажано големото дерби со шампионот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

