Голем удар за Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе паузира еден месец

Германскиот првак Баерн Минхен славеше против Челси со 0-3 на „Стемфорд бриџ“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, но баварскиот клуб сепак „плати“ голем данок за овој триумф. Сериозна повреда заработи најдобриот стрелец Роберт Левандовски кој ќе паузира еден месец. Тој го повреди левото колено.

По враќањето во Минхен, Левандовски веднаш замина на детални лекарски прегледи, откриено е дека има фрактира на тибијата на левото колено и повредениот дел е имобилизиран. Проценките се дека полскиот интернационалец десет дена ќе мора строго да мирува, а потоа ќе мине низ рахабилитициски процес. Неговото враќање на терените се очекува за околу еден месец.

Левандовски ќе го пропушти реванш мечот против Челси во Лигата на шампионите, четвртфиналниот дуел од Купот на Германија против Шалке, како и најмалку три првенствени натпревари од Бундес-лигата.

Се вчитува...