Борусија Дортмунд ќе биде сериозно ослабена за утрешното гостување против Баерн Минхен откако тренерот Фавр остана без уште двајца стандардни првотимци. Од претхоно беше познато дека Ашраф Хакими и Кристијан Пулишиќ нема да се вратат навреме за дербито на „Алијанц арена“, но главоболките на Фавр станаа уште поголеми откако од комбинација отпаднаа и Пако Алкасер и Рафаел Гереиро.
Особено сериозен проблем е отсуството на Алкасер, кој со 16 гола е најдобар стрелец на Борусија оваа сезона. Тој постигна два гола во самиот финиш од последниот меч со Волфсбург, но заработи и незгодна повреда на раката што лекарите не успеаја да ја санираат навреме за да може да настапи на големото дерби. Добра вест за „милионерите“ е што искусниот Пишчек се враќа во тимот и речиси сигурно ќе биде стартер против Баерн, исто како и Диало.
Борусија Дортмунд влегува во утрешниот натпревар со предност од два бода во однос на големиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА