Голем удар за Бразил: Нејмар и уште еден првотимец „во аут“ најмалку два натпревари

Бразил скапо ја плати победата над селекцијата на Србија откако денеска беше потврдено дека двајца првотимци на „кариоките“ ќе мора да паузираат неодредено време по повредите заработени на синоќешниот натпревар.

Првиот е Нејмар, кој се здоби со незгодна повреда на скочниот зглоб и јасно е дека асот на ПСЖ ќе мора да мирува извесно време. Покрај него, повреден е и десниот бек Данило, кој ги издржа сите 90 минути на теренот, но лекарските прегледи утврдиле дека проблемот воопшто не е наивен.

Планот на селекторот Тите е јасен, двајцата првотимци дефинитивно ќе бидат „во аут“ до  крајот на групната фаза. Тие нема да бидат во комбинација за преостанатите пресметки со Швајцарија и со Камерун, а прашање е дали Нејмар и Данило потоа би биле „фит“ за стартот на нокаут фазата и осминафиналето што Бразил би го играл на 5 декември доколку заврши како првопласиран во својата група.

Се вчитува...