Голем удар за Е. Пелистер: Цветан Кузманоски со тешка повреда на коленото

Македонскиот првак Е. Пелистер скапо ја плати последната победа над тимот на Бутел, откако левото крило Цветан Кузманоски заработи повреда на коленото.

Веднаш беше очигледно дека проблемот е сериозен, а деталните прегледи само ги потврдија стравувањата – станува збор за проблем со вкрстените лигаменти во коленото поради што е неопходен хируршки зафат.

Како што информираат од таборот на битолчани, паузата за ваков вид на повреди изнесува меѓу шест и девет месеци.

Тренерот Алонсо на позицијата лево крило на располагање ги има Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ, кој се враќа на терените откако и самиот отсуствуваше извесен период поради повреда.

Се вчитува...