Голем удар за Евролигата: Реал Мадрид ќе игра во НБА Европа

Добро информирани извори во Мадрид тврдат дека најтрофејниот клуб во Европа, Реал Мадрид, ќе игра во новосоздаденото натпреварување НБА Европа следната сезона.

Засега ништо не е официјално, но споменатиот извор пишува дека договорот меѓу двете страни е блиску, бидејќи „кралскиот клуб“ е решен да ја прифати понудата на НБА Европа и да ја напушти Евролигата за да може да се впушти во нов потфат.

„Разговорите со НБА напредуваа, иако сè уште не е потпишан договор. Дијалогот е во тек и се движиме кон соработка што ќе го промени кошаркарскиот пејзаж“, пишува Ac.

Патем, челниците на НБА овие денови престојуваат во Европа по повод два натпревари од најсилната лига во светот, кои Орландо и Мемфис ќе ги играат прво во Берлин, а потоа во Лондон. Во исто време, тие ја искористија можноста да одржат серија разговори со челниците на бројни клубови.

Се вчитува...