Голем удар за Фенер: Тешка повреда на Николо Мели

Фенербахче е актуелен европски првак, воедно и моментен лидер во Евролигата со скор 29-7, но тренерот Јасикевичиус се соочи со огромен проблем по повредата на Николо Мели.

Италијанскиот ветеран има просек од 6,5 поени и 5,5 скокови по натпревар, но и огромен придонес во играта во одбрана на турскиот гигант, но Мели е загубен за Јасикевичиус до крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата.

Деталните прегледи врз повредената нога уврдија скршеница на коска во стопалото, по што вообичаената пауза изнесува околу два месеци. Проблемите се уште поголеми ако се знае дека повреден е и Силва, центарот што беше доведен пред неколку месеци за борба под обрачите, па сега Фенербахче е принуден повторно да се активира на пазарот за да доведе ново засилување за овој дел од тимот.

Се вчитува...