Голем удар за Франција – Крај на шампионатот за одличниот Пардин?

Голманот на француската ракометна репрезентација, Весли Пардин доживеа тешка повреда во мечот кој Франција го доби со Швајцарија со 25-24. Пардин на кој ова му е прв шампионат во кариерата, се повреди кога противничкиот ракометар Седри Тиновски слета директно на неговата десна нога.

„Изгледа дека повредата е сериозна. Не мириса на добро“, изјави селекторот на Франција, Жилом Жил. 

Ако Пардин не може да го продолжи настапот на шампионатот тоа ќе биде голем удар за Французите, бидејќи 30-годишникот беше главен виновник за победата на галските петли во првото коло против Норвешка во дербито на групата.

Се вчитува...