Исланд ќе биде сериозно ослабен на претстојниот светски шампионат откако Арон Палмарсон отпадна од комбинација за настап на мундијалот во Египет.
Одличниот бек заработи незгодна повреда пред петнаесетина дена, но потоа Палмарсон и Барселона решија да ризикуваат, па Исланѓанецот недоволно опоравен настапи на Ф4 турнирот во Келн. Ризикот не се исплатеше, Барса ниту со негова помош не успеа да стигне до тронот на Европа, а згора на тоа Палмарсон повторно се повреди, па сега го очекува подолга пауза од терените.
Исландската Ракометна Федерација вечерва објави дека најдобриот играч на оваа репрезентација дефинитивно ќе отпадне од комбинација за настап за СП во Египет, а засега не е донесена одлука дали на негово место ќе биде повикан нов ракометар.
Исланд е дел од групата Ф од ракометниот мундијал заедно со селекциите на Португалија, Алжир и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

