Киелце забележа огромна победа над ПСЖ, но полскиот првак скапо го плати тримфот поради повредата што ја заработи Алекс Душебајев. Шпанскиот репрезентативец веднаш по мечот бил пренесен во болница, а деталните прегледи покажале повреда на бицепсот на левата нога.
Повредата не е нималку наивна, а според тренерот Талант Душебајев, најдобриот ракометар на Киелце ќе мора да отсуства најмалку шест седмици од ракометните терени. Во Киелце се надеваат дека десниот бек ќе може да се врати на терените пред крајот на месец ноември, а рехабилитацијата будно ќе ја следат и во Шпанија, ако се знае дека Душебајев треба да биде главен адут на „црвената фурија“ на претстојниот европски шампионат закажан за јануари 2024 година.
Киелце на 25 октомври ќе гостува во Битола на тимот на Еурофарм Пелистер, натпревар за кој полскиот шампион дефинитивно ќе биде без својот најдобар ракометар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА