Голем удар за Кил во клучниот дел од сезоната

Кил се соочува со проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната откако Ерик Јохансон заработи незгодна повреда. Шведскиот репрезентативец ја повреди дланката на неделниот дуел со Хановер, а деталните прегледи донесоа лоша вест за „зебрите“ – левиот бек има скршена коска и ќе мора да паузира најмалку еден месец од терените.

„По детално испитување во „Маре Клиникум“, тимскиот доктор утврди дека Јохансон има две скршени коски на дланката. Нема дилема дека оваа сезона е предвреме завршена за него“, се вели во клупското соопштение на Кил.

„Зебрите“ имаат ист број на бодови, но и меч помалку во однос на Магдебург на делба на првото место на табелата. Воедно, Кил го очекува и двомеч од четвртфиналето од Лигата на Шампионите во кој германскиот гигант за ривал ќе го има ПСЖ.

Се вчитува...