Голем удар за Ливерпул: Се повреди Енди Робертсон

Репрезентативната пазуа му донесе нов огромен проблем на Јирген Клоп откако еден од најстандардните фудбалери на Ливерпул, левиот бек Енди Робертсон заработи сериозна повреда на рамото на дуелот со Шпанија.

Тој настрада по еден дуел со шпанскиот голман Унаи Симон, веднаш стана очигледно дека проблемот со рамото е сериозен и искусниот дефанзивец мораше да го напушти теренот.

„Изгледаше сериозно, но не знаеме ништо поконкретно. Тој ќе замине назад во својот клуб, каде ќе му бидат извршени детални прегледи“, изјави шкотскиот селектор Стив Кларк.

Прегледите во Ливерпул ќе покажат колку долго Робертсон нема да му биде на располагање на Клоп, а првите прогнози велат дека паузата ќе изнесува најмалку еден месеци, можеби и многу подолго.

Се вчитува...