Голем удар за Магдебург: Клар „во аут“ најмалку до крајот на годинава

Поранешниот европски првак Магдебург се соочува со проблеми во текот на оваа сезона, а една од главните главоболки на тренерот Бенет Вигерт е отсуството на Феликс Клар.

Шведскиот бек важи за еден од клучните ракометари на Магдебург, но тој се врати повреден од ОИ во Париз, а досегашната рехабилитациска програма не даде никаков резултат. Поради ова, Клар ќе мора да замине на операција за да го реши проблемот со тетивата, по што ќе го очекува повеќемесечна пауза од терените.

„Феликс Клар дефинитивно нема да игра до крајот на оваа календарска година. Тој е во Шведска, контактираме со него неколку пати неделно и можеме да кажеме дека ја добива најдобрата медицинска нега во моментов. За жал, тој не е ниту блиску до камбек на терените“, изјави Вигерт.

Магдебург со една победа, едно реми и два пораза моментно е шестопласиран во својата група. Германскиот тим вечерва го игра својот меч од петтото коло во ЛШ, на домашен терен против француски Нант.

Се вчитува...