Војдан Стојановски низ целата кариера секогаш со гордост го носел репрезентативниот дрес, но денешниот настап во Баку против Азербејџан донесе проблем – искусниот бек се повреди и мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Се играше почетокот од втората четвртина кога Војдан сугерираше дека има проблем со мускулот на задната ложа, седна на клупата и потоа воопшто не се врати во игра. Македонскиот капитен воопшто не се загреваше со остатокот од репрезентативците на паузата меѓу двете полувремиња, по што стана јасно дека проблемот не е наивен и тој нема да биде ризикуван за да не дојде до влошување на ситуацијата.
Повредата на големиот ас е сериозен проблем за неговиот клуб МЗТ Скопје, каде со нетрпение ќе ги очекуваат резултатите од деталните лекарски прегледи.
„Металците“ ќе сторат се за да стигнат до првото место до крајот на Супер-лигата, но нема сомнеж дека оваа борба ќе им се искомпликува, особено ако се знае дека веднаш по репрезентативната пауза аеродромци ги очекуваат дерби дуели со Пелистер и со ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

