Ромелу Лукаку нема да настапи за Белгија на вечерашниот дуел со Изрел, а селекторот Тедеско соопшти лоша вест за Наполи – корпулентниот голгетер се мачи со повреда на коленото поради која добил зелено светло предвреме да се врати во Неапол.
Лукаку беше главен адут на Конте откако пред самиот крај на преодниот рок пристигна во Наполи, Белгиецот е меѓу најзаслужните што „наполитанците“ се на чело на табелата, па трофејниот стратег со нетрпение ќе чека да види колку ќе изнесува неговата пауза од терените.
„Не станува збор за договор меѓу нас и Наполи за Лукаку порано да си замине. Ромелу е повреден, има проблем со коленото. Проблемот се појави по мечот со Белгија, тој ќе мора целосно да мирува 4-5 дена, по што ќе следат нови прегледи“, соопшти белгискиот селектор Тедеско.
Наполи во првиот меч по репрезентативната пауза ќе ја пречека Рома, а Лукаку речиси сигурно нема да може да настапи против својот поранешен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА