Пари Сен Жермен доживеа голем удар во пресрет на дуелите со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако стана јасно дека одличниот млад напаѓач Килијан Мбапе ќе мора да паузира во наредните два месеци. Тој по еден жесток судир со голманот на Лион, Антони Лопез, остана да лежи на теренот и беше изнесен на носилки, а деталните лекарски прегледи утврдија дека има повреда на главата и ќе мора одреден период да биде надвор од фудбалските терени.
Реал Мадрид ќе го пречека ПСЖ во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите на 14.февруари на „Сантијаго Бернабеу“, а реваншот во Париз е закажан за 3.март. Тоа значи дека Килијан Мбапе, барем според овие првични лекарски проценки, ќе ги пропушти и двата дуели со „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА