Екипата на Работнички ќе биде значително ослабена за претстојното издание од Купот на Македонија, откако Кире Николовски заработи незгодна повреда и нема да му биде на располагање на тимот од „Градски парк“ за завршниот турнир што следниот викенд ќе се одржи во Гевгелија.
Николовски сезонава е еден од клучните кошаркари во тимот на Работнички, особено во ситуација кога Докузовски не можеше да смета на услугите на Ѓорѓи Чековски. Добра вест за „центарци“ е што барем Чековски ги надмина проблемите со својата повреда и ќе биде во комбинација за настап во Гевгелија, откако искусниот крилен центар му се стави на располагање на стручниот штаб за последните прволигашки пресметки.
Работнички во четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се сретне со екипата на Куманово, а потоа во полуфиналето „црвено-белите“ во случај на победа би играле против победникот од дуелот МЗТ Скопје – Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА