Голем удар за Реал: Мбапе во „аут“ три недели – го пропушта и мечот со Сити во ЛШ!

Голем удар за Реал Мадрид низ следните три, исклучително важни, недели во битката за трофеи во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“, Килијан Мбапе, поради повреда ќе биде надвор од терените во следните три недели.

Мбапе, според информациите од Реал, ќе ги пропушти натпреварите против Гетафе, Селта и Елче во шпанскиот шампионат, но и првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити во Мадрид.

Согласно очекувањата, Французинот треба да се врати во тимот на Реал Мадрид за реванш дуелот во Лигата на шампионите, против Манчестер сити.

Се вчитува...