Голем удар за Реал: Роналдо може да „паузира“ 12 натпревари?!

Кристијано Роналдо се соочува со голема казна, односно од четири до дванаесет натпревари забрана за настап од страна на шпанската фудбалска федерација. Португалецот во вчерашниот триумф над Барселона влезе како замена, за дваесетина минути на теренот постигна гол, но заработи и два жолти картони, еден откако го соблече дресот по славењето на погодокот, а вториот поради симулација, но тоа не е причината за казната. Судијата по втор пат покажа со жолтиот картон кон Роналдо, откако се обиде да изнуди пенал во дуелот со Умтити.

Португалецот поради симулација беше исклучен во 82’, а откако не се согласуваше со одлуката на главниот арбитар, го турна со раката. Поради тој потег, Роналдо може да добие казна од четири до 12 натпревари неиграње, што е и максимална казна.

По натпреварот судијата ја образложи ситуацијата со писмена изјава: „Откако го посочив црвениот картон, Роналдо поради несогласување со одлуката малку ме турна од позади“, стои во изјавата на главниот арбитар, Де Боргес Бенготшеа.

Доколку шпанската федерација му ја одреди максималната казна на Роналдо, Португалецот ќе паузира до почетокот на ноември, а најверојатно прв натпревар ќе му биде во „комшии“ кај Атлетико.

https://www.youtube.com/watch?v=MYDcdp-VNmQ

Се вчитува...