Борусија Дортмунд повторно има предност во однос на Баерн Минхен, но „милионерите“ се здобија со сериозен удар за шампионските амбиции откако останаа без помошта на Ашраф Хакими до крајот на сезонава. Младиот дефанзивец дојде на позајмица од Реал Мадрид и се наметна како еден од најважните играчи во тимот на тренерот Фавр, настапувајќи на 21 од досегашните 27 натпревари во Бундес-лигата.
Последниот натпревар со Волфсбург беше кобен за 20-годишниот Мароканец, кој влезе во игра во второто полувреме, но по 25 минути на теренот самиот побара да биде заменет.
„Црните прогнози“ се остварија, па денешните лекарски прегледи покажаа дека Ашраф има скршеница на коска во стопалото, по што ќе следи пауза од најмалку два месеци од терените. Младиот дефанзивец досега постигна два гола во дресот на Борусија Дортмунд, а имаше и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА