Голем удар за Шпанија: Без Љуљ за Евробаскет

Шпанија ќе биде сериозно ослабена за претстојниот европски шампионат во кошарка откако Серхио Љуљ отпадна од комбинација за настап по повредата на мускулот заработен на вчерашниот меч со Исланд.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека искусниот поентер не е сериозно повреден, но сепак е препорачано мирување од најмалку 15 дена. Ова практично значи дека Љуљ ќе може да се врати на терен за најмалку 20 дена, најлош можен тајминг во пресрет на Евробаскет (1 септември до 18 септември).

„Црвената фурија“ е дел од групата А што ќе се игра во Тбилиси, каде избраниците на селекторот Скариоло ќе се сретнат со Грузија, Бугарија, Белгија, Турција и со Црна Гора.

Се вчитува...