Голем удар за Шведска – Кулушевски е позитивен на Covid-19

Шведска веќе е без Златан Ибрахимовиќ на ЕВРО 2020, а скандинавската селекција денеска се соочи со нов огромен проблем, откако Дејан Кулушевски беше позитивен на тестирањето на коронавирус.

Сите репрезентативци денеска пристигнаа во базата во Гетеборг, а најавената прес-конференција беше одложена за два часа. Кога Швеѓаните се појавија пред новинарите – беше соопштена лошата вест дека асот на Јувентус нема да може да помогне на стартот од европскиот шампионат.

„Кулушевски е позитивен на коронавирус, се заразил за време на летниот одмор. Среќна околност е што речиси и да немал контакт со останатите фудбалери. Оние кои му биле во близина ќе бидат следени во наредните денови, па потоа и ќе ги тестираме“, изјави репрезентативниот лекар на Шведска.

Ова значи дека Кулушевски ќе го пропушти премиерниот меч на ЕВРО 2020 против Шпанија, а останува да се види дали тој ќе може да настапи на мечот од второто коло од групната фаза против Словачка закажан за 18 јуни.

Се вчитува...