Пеп Гвардиола ќе има огромни проблеми да ја продолжи победничката серија во Премиер-лигата откако беше обелоденето дека Кевин де Бруине ќе мора да отсуствува најмалку еден месец од терените. Белгиецот извесно време се жалеше на повреда, Гвардиола ризикуваше со негов настап на сите натпревари, но Де Бруине на половина од второто полувреме од последниот меч со Астон Вила веќе не можеше да продолжи.
Јасно беше дека повредата не е лесна, а Пеп Гвардиола денеска објави дека паузата на најдобриот фудбалер на Сити ќе изнесува меѓу четири и шест седмици.
„Де Бруине ќе паузира еден месец, можеби месец и половина. Тоа е голем проблем, зарем не“, истакна Гвардиола.
Главоболките се уште поголеми ако се знае дека Сити во тој период ќе одигра три премиерлигашки дерби-натпревари, најпрвин на 4 февруари ќе му гостува на шампионот Ливерпул, а потоа ќе следат и пресметките со Тотенхем и со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

